107
Килиан Мбапе не беше дел од репрезентативниот камп на Франција за последните два собири, а се шпекулира дека се нарушени односите меѓу него и селекторот Дидие Дешамп.
Француски „Л’Екип“ отиде чекор подалеку и напиша дека ситуацијата е доста посложена од тоа што јавноста размислува. Се верува дека проблемите кои Мбапе ги има се од психичка природа и тоа го нарушува поредокот во репрезентацијата. Постои шанса да се надминат истите, меѓутоа засега Мбапе останува без голема привилегија.
Тој повеќе нема да биде капитен на француската репрезентација, но доколку ситуацијата се поправи има простор да ја врати лентата на својата рака.
Во последните натпревари капитени на Франција беа Канте, Конате, Чуамени…