Манчестер Јунајтед пронајде засилување за одбраната, но ќе треба да плати 80 милиони евра?

by Стефан
1 минути читање

Летото е пред нас и многу клубови веќе размислуваат за засилувањата.

Еден од оние во клубови кои се најавуваат промени е и Манчестер Јунајтед кој игра уште една разочарувака сезона. Низ медиумите веќе се шпекулира за неколку имиња кои најверојатно следната сезона нема да биде членови на гигантот од Манчестер.

Но, се најавуваат и потенцијалните засилувања. Сега на Островот се споменува дека Ретклиф и неговите сопственици како одлично засилување во одбраната го гледаат Џарад Брантвајт од Евертон.

Меѓутоа тоа нема да биде евтина операција бидејќи за неговите услуги клубот од „Гудисон Парк“ наводно би барал 80 милиони евра, а исто така го следат уште Тотенхем, Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Од друга страна Евертон има финансиски проблеми и ќе мора да заработи во наредниот период, па Јунајтед тука ја гледа шансата да успеа да издејствува намалување на цената

Брантвајт е момче кое има 21 година и сезонава е еден од најважните фудбалери на „карамелите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани