Лукас Хернандез се повреди, под знак прашалник и настапот на ЕП

by 24 фудбал
1 минути читање

Пари Сен Жермен во првиот полуфинален меч против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите остана без Лукас Хернандез. Дефанзивецот се повреди во финишот на првиот дел, а делува дека станува збор за проблем кој може подолго да го оддалечи од терените.

Француските медиуми пишуваат дека дефанзивецот има повреда на лигаментите во коленото. Засега не е позната сериозноста на повредата, а тоа ќе се знае по дополнителните прегледи. Како и да е, во моментов делува дека Хернандез го очекува пауза која го загрозува неговиот настап на Европското првенство.

Отсуството на Хернандез ќе биде проблем за селекторот Дидие Дешамп, меѓутоа и за ПСЖ кој би останал без еден од најквалитетните дефанзивци во клучен дел од сезоната. Надежи дека тој ќе заздраве до Европското првенство постојат, меѓутоа сè зависи од природата на повредата и одлуката околу нејзиното лекување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани