Луис Енрике: Разочарани сме за поразот, иако гостувањата во Дортмунд се многу тешки

by 24 фудбал
1 минути читање

ПСЖ загуби на првиот меч од полуфиналната фаза во Лигата на шампионите, како гостин на „Сигнал Идуна Парк“ кај Борусија Дортмунд (1-0). Парижани одиграа солиден меч, меѓутоа немаа решение за добрата одбрана на „милионерите“ кои со голот на Никлас Филкруг дојдоа до триумф.

Поразот во Дортмунд го призна тренерот Луис Енрике. Тој откри дека тимот е разочаран по одиграното, особено поради двете погодени пречки.

„Тоа е фудбалот, понекогаш е убав, но понекогаш не е. Мора да ги анализираме шансите кои ги имаа двата тима. Одигравме навистина тежок натпревар во Дортмунд. Сите бевме свесни дека двомечот воопшто нема да е лесен, ова е полуфинале во Лига на шампиони. Тимот беше разочаран во соблекувалната, особено поради двете погодени стативи. Тука ги имавме нашите најверни поддржувачи кои допатуваа во Париз. Сепак, мора да се признае дека гостување на овој стадион е многу тешко, со навивачи кои многу го сакаат својот тим“, изјави Енрике.

Реванш натпреварот кој ќе се одигра на „Паркот на принцовите“ во Париз е закажан за шести мај во стандардниот термин од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани