Лисабон е зелен, Спортинг стана шампион на Португалија! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Благодарение на поразот на Бенфика на гостувањето кај Фамаликао од 2-0, Спортинг Лисабон доцна синоќа ја завери 24. титула шампион на Португалија.

Зелено-белите синоќа немаа натпревари, но поразот на нивниот вечен ривал значеше дека титулата и теоретски е заверена. На две кола до крајот на првенството Спортинг има осум бодови предност пред Бенфика.

По поразот на Бенфика до раните утрински часови во Лисабон се славеше титулата на Спортинг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани