80
Легендарниот уругвајски фудбалер, Диего Форлан на 46 години дебитираше во професионалниот тенис и настапи на Челенџер во Монтевидео.
Најдобриот стрелец и најдобриот фудбалер на Светското првенство во 2010 година играше во пар со Федерико Корио против Борис Ариас и Федерико Зебаљос, , но дебито му беше за заборав.
,Мечот траеше само 49 минути, а Ариас и Зебаљос славеа со 6:1 и 6:2.
Форлан на теренот покажа неколку одлични потези и тоа се должи на неговото играње тенис во младинските категории пред да се определи за фудбалот на 16 години.
Diego Forlan at the net! 💯#ATPChallenger | @DiegoForlan7 pic.twitter.com/p24PQgTVxJ
— ATP Challenger Tour (@ATPChallenger) November 14, 2024