Лапорта сака освежување во нападот: Левандовски заминува за да пристигне Нуњез?!

by Стефан
1 минути читање

Последните информации од Шпанија говорат дека Жоан Лапорта е спремен да направи промени во офанзивниот дел од тимот, а тие одлуки посебно би можеле да влијаат на Роберт Левандовски и неговиот статус.

Чави Ернандез по натпреварот против Жирона се пожали дека на тимот му недостасувало ефикасност што е индиректна критика кон полскиот голгетер.

Денеска се појави и информација дека клубот планира да го продаде Левандовски поради високата плата и годините, а на негово место да доведе друг напаѓач. „Сан“ пренесува дека тој друг напаѓач би можел да биде Дарвин Нуњез.

Нуњез со својот последен потег и бришењето на сите фотографии на кои е во дресот на Ливерпул од социјалните мрежи предизвика лавина реакции дека е пред заминување. Уругваецот не се снајде најдобро на последните два натпревари во Премиер лигата во кои влегуваше од клупата, па добиваше и сериозни критики.

Барселона е спремна да ја искористи ситуацијата и да му даде шанса на фудбалерот кого Ливерпул го плати 85 милиони евра на Бенфика. Иако сезонава, Нуњез има 18 голови и 13 асистенци, промаши и голем број прилики.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани