Кукуреља со копачките направи вистински скандал – „Пума“ ја очекува катастрофа!

by Стефан
1 минути читање

Скандалот со копачките на фудбалерот на Челси, Марк Кукуреља добива се поголемо значење, а медиумите пренесуваат дека ова може да биде и вистинска катастрофа за славниот бренд „Пума“.

Во дербито со Тотнем, Кукуреља двапати се лизна во почетните минути и Тотнем во двете ситуации постигна два гола. За негова среќа Челси направи целосен пресврт и славеше победа од 3:2.

Интересно е што копачките кои Кукуреља ги носеше ги нема во продажа. Како амбасадор на „Пума“ имаше прилика истите да ги носи пред официјалото претставување, но никој не очекуваше дека ќе ги изрекламира на најлош можен начин.

За ситуацијата да биде уште полоша за „Пума“, Кукуреља по натпреварот објави фотографија на која се гледа како ги фрлил во ѓубре копачките. Набрзо ја избриша фотографијата, но се остана забележано.

Копачките кои ги носеше Кукуреља се моделот „Future 8“ и треба да бидат претставени на Божиќ, но сега изгледа дека ретко кој ќе ги купи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани