Клоп проговори за скандалот со Салах: Можеме да заборавиме што се случи

by 24 фудбал
1 минути читање

Ливерпул западна во проблеми пред крајот на сезоната, па тоа ги чинеше многу во трката за титулата во Премиер лигата, но и во Лигата на Европа. Кризата кулминираше во претходниот дуел со Вест Хем кога пред влегување во игра првата ѕвезда Мохамед Салах влезе во расправија со Јирген Клоп.

За оваа ситуација конечно јавно прозборува германскиот тренер кој нагласи дека нема проблеми меѓу него и фудбалерот.

„Сè е решено, нема преостанати проблеми меѓу нас. Се познаваме многу години, веројатно поради тоа се реши ситуацијата. Не сум сигурен дека ќе знаевме како да го решиме проблемот ако не беше таков случајот. Сега е решено, имаме почит еден кон друг. Апсолутно сме во ред, може да го заборавиме тоа што се случи“, изјави Клоп.

Со Клоп на клупата Ливерпул ги игра последните натпревари во сезоната, а потоа Германецот по долгиот престој на „Енфилд“ си оди од клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани