65
Eкипата на Жирона ремизираше 1:1 во натпреварот против Селта Виго во рамките од осмото коло. Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски и во овој дуел остана на клупата за резерви.
Гостите не беа убедливи во првото полувреме, но преку Ерера постигнаа гол за предност од 1:0.
Селта тргна по гол во второто полувреме и до него стигна во 81. минута. По осум одиграни кола, екипата на Жирона се наоѓа на 12. место со девет бодови. Селта е деветта со десет бода.