Добро познато лице ќе го наследи Де Зерби на клупата на Брајтон

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Брајтон е во потрага по нов тренер, откако по крајот на сезоната се раздели со Роберто Де Зерби.

Медиумите во Англија шпекулираат дека наследник на Италијанецот може да биде Грем Потер. Овој стратег своевремено беше „предавник“ на Брајтон кога реши да замине на клупата на Челзи. Во Лондон Потер немаше успех и набргу доби отпаз, а сега една година е надвор од фудбалот.

Навивачите му го простија „предавството“ на Потер и покажаа отвореност за тој да седне пак на клупата на Брајтон. Токму под водство на Грем Потер овој клуб ја почна транзицијата и стана атрактивен клуб за гледање, кој подоцна забележа и солидни резултати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани