Детонит не е дораснат за прволигаш: Вардар со два гола во четири минути победи во Струмица (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Вардар успеа да го зачува прволигашкиот статус откако денеска во баражот во Струмица славеше победа со 2:0 против Детонит кој се бореше за влез во друштвото на најдобрите.

Се обиде денес Детонит, но едноставно беше забележително дека Вардар е едно ниво погоре и не им дозволи посериозно да се заканат.

Одлучувачки период за натпреварот беше завршницата од првиот дел кога црвено-црните ги постигнаа двата гола.

Прво Ѓуриќ во 42. минута го отвори резултатот, а само четири минути подоцна Сушњара со еден одличен гол го удвои водството.

Вториот дел помина во мирна игра и Вардар сигурно ја чуваше стекната предност, па и наредната сезона ќе биде дел од прволигашката конкуренција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани