49
Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана е добитник на годинашната награда за хуманитарна работа на Меѓународната асоцијација на професионални фудбалери (ФИФПРО).
Чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед оваа награда ја доби зс помошта која неговата фондација ја пружи на ранливите групи во неговиот Камерун и уште неколку други африкански земји.
Како што пренесуваат медиумите во соработка со неговата фондација во последните три години се направиле операции на над 1.200 деца.