80
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити изгледа ќе водат битка и надвор од терените, односно на трансфер пазарот.
Се работи за дуото на Динамо Загреб и репрезентацијата на Хрватска, Петар Сучиќ и Мартин Батурина. Двајцата се желба на двата гиганти од Манчестер, па останува да видиме дали некој навистина ќе тргне по потписите.
Хрватските таленти се промовираа и на големата сцена играјќи одлично за Динамо во Лигата на шампионите, на ниво се и во ХНЛ, како и во репрезентацијата на Хрватска каде што добиваат се повеќе шанси.
Сити и Јунајтед ќе треба сепак да ја одврзат ќесата за доведат еден или двајцата играчи на Динамо Загреб.