Даниеле Де Роси на клупата на Рома пристигна како привремена замена за Жозе Мурињо кој во тој момент доби отказ, но се покажа како одлично решение.
Рома под водство на Италијанецот започна да игра одличен фудбал и да реди добри резултати. Местото во Европа наредната сезона веќе го обезбеди, но во зависност од резултатите од последното коло „волчицата“ има можност да се пласира и во Лигата на шампионите.
Таквите резултати со ростерот кој го има на располагање за раководството на Рома биле доволна препорака Де Роси да добие нов договор. Засега не е познато на колку години би требало да биде тој нов договор, меѓутоа е извесно дека ќе го гледаме на клупата на Рома и наредната сезона.
Во редовите на Рома Де Роси помина 20 години, подоцна кратко во залезот од кариерата како играч го носеше дресот на Бока Јуниорс.