ВМФЛ: Победи на Тетекс и Саса, херојски бод на Осогово – опстанокот ќе се решава во последно коло

by 24 фудбал
2 минути читање

Ако во битката за ПМФЛ повеќе нема дилеми (Беса и Пелистер одат директно во елитата), а екипата на Детонит се „чекира“ во баражот – трката за опстанок во Втората македонска фудбалска лига ќе биде пеколна!

Дури четири клуба се на два бода во пресрет на завршното коло во второлигашката конкуренција, два тима ќе изборат директен опстанок, а уште еден ќе игра бараж. Иако загуби од второпласираниот Пелистер (1-0), екипата на Победа е бодовно во најдобра позиција и има по еден повеќе од Осогово и Тетекс, а два од Саса.

Во рамките на 29. коло големи победи запишаа Тетекс над Охрид (2-1) и Саса кај Караорман (0-3). Огромен бод запиша и Осогово кој се врати од два гола дефицит против Арсими (2-2). Водечката Беса ремизира со Башкими, Вардар Неготино го победи Новаци, а Скопје загуби дома од Беласица.

  • Резултати од 29. коло во ВМФЛ:

Арсими – Осогово 2-2
Беса 1976 – Башкими 0-0
Скопје – Беласица 1-2
Караорман – Каменица Саса 0-3
Кожуф – Детонит Плачковица 0-0
Пелистер – Победа 1-0
Тетекс – Охрид 2-1
Вардар Неготино – Новаци 2-1

Во последното коло ќе се бие битката за опстанок, а тогаш Победа ја дочекува Беса, Осогово ќе игра со Пелистер, Тетекс оди на гости кај Башкими, додека Саса дома игра со Вардар Неготино.

Табела: 1. Беса 1976 (74), 2. Пелистер (70), 3. Детонит Плачковица (57), 4. Арсими (51), 5. Вардар Неготино (42), 6. Охрид (42), 7. Скопје (41), 8. Беласица (39), 10. Кожуф (38), 11. Новаци (31), 12. Победа (28), 13. Осогово (27), 14. Тетекс (27), 15. Саса (26), 16. Караорман (15).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани