На фудбалските терени денеска низ Македонија ќе се играат натпреварите од 15. коло во Втората македонска фудбалска лига.
Дербито на колото го играат екипите на Башкими и Брегалница. Ова ќе биде натпревар на второпласираната и третопласираната екипа на табелата.
Во натпреварот Башкими влегува по поразот од Детонит, додека Брегалница е во серија од три триумфи. Во случај на победа штипјани би направиле разлика од седум бода на втората позиција и поради тоа овој дуел е од исклучителна важност.
Македонија Ѓорче Петров која на првата позиција има 35 бода, два повеќе од Брегалница денеска ќе гостува во Струмица кај Беласица.
ВМФЛ 15. КОЛО.
Арсими – Вардар Неготино
Башкими – Брегалнца
Беласица – Македонија Ѓорче Петров.
Каменица Саса – Скопје
Новаци – Кожуф
Охрид – Борец
Победа – Детонит
Вардарски – Осогово
Сите натпревари се играат во терминот од 13:00 часот.