255
Eкипата на Брегалница денеска објави две засилувања, едно на голманската позиција едно во нападот.
Голманската позиција во следната сезона на голкот на штипскиот тим ќе биде резервирана за Дамјан Серафимов. Станува збор за 23-годишен голман кој доаѓа од Охрид Лихнидос, а во кариерата настапуваше и во Македонија Ѓорче Петров. Серафимов е висок 180см и се очекува да биде прв кандидат за “единицата” во штипските сини.
Иван Галевски е најновото засилување за Брегалница во офанзивниот дел. Има 27 години и игра на позиција десно крило. Популарниот “Гале” е искусен прволигашки фудбалер, кој во минатото настапуваше во Силекс, Струга ТЛ, Победа, Кит Го Пехчево, АП Брера, Еуромилк и Македонија ЃП.