Барселона бара огромна сума за Араухо, тешко дека некој ќе си ја дозволи!

by riste
1 минути читање

Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона нема да го продаде Роналд Араухо за помалку од 100 милиони евра.

Уругваецот е значаен дел од плановите на Чави за следната сезона, но доколку има клуб кој ќе понуди 100 или повеќе милиони евра, Араухо ќе биде продаден.

Реалниот план на Барса е да го задржи дефанзивецот и да потпише нов договор со него со што ќе ја продолжи соработката и по 2026 година.

Баерн Минхен и Манчестер јунајтед се заинтересирани за Араухо, но сумата која ја бара Барса е превисока и за нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани