69
Рубен Аморим започна со тренинзи во Манчестер Јунајтед, а следниот викенд ќе го има своето деби на клупата.
Во тренажниот процес на првиот тим тој вклучи едно младо 16-годишно момче. Се работи за младиот стопер Годвил Кукунки, кој доби шанса да работи со првотимците, но во отсуство на играчите кои сè уште се со репрезентациите.
Со ова Аморим покажа дека веројатно ќе дава шанса на млади играчи во Јунајтед, како што тоа го правеше и неговиот претходник Тен Хаг.
Последни момчиња кои добија шанса и се истакнаа се Алехандро Гарначо, Коби Мејно, Амад Диало…