Алексовски: Секоја минута до крајот на првенството е важна

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Работнички ќе го дочекаат Тиквеш во рамките на 31. коло од Првата македонска фудбалска лига. „Романтичарите“ се во позитивна серија по тренерската смена, но и кавадарчани одиграа добри натпревари во претходните рунди.

Во пресрет на дуелот со Тиквеш, своите очекувања ги изнесе репрезентативниот голман Игор Алексовски.

„Влегуваме во завршницата, во последните три кола од првенството и секоја минута има посебно значење. Ние сме во позитивна низа, но исто така и Тиквеш, нашиот утрешен противник, покажува дека е навистина квалитетен и бележи одлични резултати. Максимален респект за нив, но ние сакаме да продолжиме со позитивниот тренд и ќе сториме сѐ да стигнеме до нов триумф. Се разбира, знаеме дека нѐ очекува исклучително тежок натпревар против одличен тим. Сепак, играме на домашен терен, веруваме во своите квалитети и одиме да се надигруваме“, изјави Алексовски.

По 30 одиграни натпревари Работнички се седмопласиран со 38 бода и делува безбедно, на шест бода пред Вардар кој е на местото кое води во баражот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани