АЕК не му го продолжи договорот на Тричковски, но му нуди позиција во клубот!

by riste
1 минути читање

АЕК Ларнака информираше дека нема да му го продолжи договорот на својот капитен Иван Тричковски, но му нуди друга позиција во клубот.

Македонскиот фудбалер, Иван Тричковски е вистинска легенда на кипарскиот АЕК, во клубот е осум години за кои собири повеќе рекорди.

Луѓето од АЕК како екстремно емотивна ја опишуваат одлуката да не му го продолжат договорот на својот капитен, но му нудат друга позиција во клубот.

Рекордите на Тричковски во АЕК: Тој е фудбалер со најмногу настапи во историјата на клубот 295, прв стрелец во сите натпреварувања со 147 голови, прв стрелец во Европа со 21 гол.

АЕК во соопштението информира за состанокот со Тричковски и тешката одлука да не му биде продолжен договорот. Тие го истакнуваат значењето на Македонецот за клубот и откриваат дека му понудиле друга позиција.

Сега останува на 37-годишниот фудбалер да одлучи дали ќе продолжи да игра на друго место или ќе се пензионира и ќе ја прифати понудата од АЕК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани