Тухел: Реал е еден од најголемите на светот, ама ние ќе играме за финале!

by Иван
1 минути читање

Фудбалерите на Баерн Минхен гостуваат кај Реал Мадрид во рамките на реванш полуфиналето на Лигата на шампионите. Откако не успеаја да ги победат дома, сега баварците мораат по потешкиот пат до финале со триумф на во Мадрид.

Во пресрет на натпреварот, на прес-конференцијата се обрати тренерот на Баерн, Томас Тухел.

„Очекувам периодична игра, двата тима ќе „патат“ во одредени моменти. Сепак, Реал и Баерн се силни и квалитетни, знаат да задржат топка и имаат одлична транзиција. Мислам дека фудбалот е доста комплексна игра. Во фазите кога имаш моментум и напаѓаш, мора да ги користиш шансите. Не сакаме да зборуваме за легендата на Реал во Лигата на шампионите. Доаѓаме на едно од најтешките гостувања, ама секако дека не е невозможно да се победи. Одигравме добро во првиот меч, а за жал не победивме. Тие се еден од најголемите клубови на светот, ама и ние сме голем европски клуб. Ни следи фантастичен натпревар. Секако дека Баерн ќе игра за место на финалето на „Вембли“ и ништо друго“, изјави Тухел.

Пресметката на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го даде вториот финалист, откако вчера Борусија Дортмунд го исфрли ПСЖ и го чека својот ривал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани