Дошев: Секој меч до крајот е важен, одиме на победа против Македонија ЃП

by Иван
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар ќе ја дочекаат Македонија Ѓорче Петров во рамките на 31. коло на Првата македонска лига. По победата над Брегалница во минатата рунда, вардарци можат да се одлепат дополнително на местото кое води во баражот.

Во пресрет на натпреварот со „лавовите“ својот став го изнесе младиот Ѓорги Дошев. Ова младо момче минатата рунда ѝ даде гол на Брегалница, па е силно мотивиран и за денешниот меч.

„Многу сум среќен за голот против Брегалница. Чувството да постигнеш погодок за Вардар е неверојатно. Особено ми е мило што се случи на еден важен, ако не и најважниот натпревар за нас оваа сезона. Со таа победа се доближивме до целта, а тоа е барем баражот за опстанок. Сега ни следува средба против Македонија Ѓорче Петров. Мораме да дадеме свој максимум повторно. За нас секој меч и бод до крајот на сезоната е многу важен, ќе нападнеме победа“, изјави Дошев.

Пресметката меѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров на стадионот „Борис Трајковски“ се игра во терминот од 17:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани