Де Роси доби лоша вест пред реваншот во полуфиналето против Леверкузен

by Стефан
1 минути читање

Тимот на Рома утре во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на Европа ќе се соочи со Баер Леверкузен, а пред овој натпревар клубот од Рим доби една лоша вест.

Имено, според последните информации на медиумите Паоло Дибала најверојатно нема да биде спремен да го стартува натпреварот.

Аргентинскиот фудбалер повредата ја заработил за викендот во натпреварот против неговиот поранешен клуб Јувентус.

Информациите се дека повредата на Дибала не е наивна, но се остава простор Де Роси да го уфрли во игра од клупата за резерви. Ќе потсетиме, во првиот натпревар германскиот тим славеше победа од 2:0, па така пред Рома е тешка задача.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани