Премиерлигашите се расфрлаат со пари и се чини дека имаа неограничени трансфер
буџети, но во Серија А не е така, клубовите од Италија често се приморани да бидат креативни при создавањето
на своите тимови.
За тоа каква е
ситуацијата во Калчото говори фактот дека Бенжамин Павар стана најкапиот
трансфер во Серија А ова лето.
Интер вечерва го
потврди ангажманот на дефанзивецот од Баерн Минхен во зделка вредна 30 милиони евра,
плус бонуси.
Со вакви бројки, Бенжамин
Павар е играчот за кого е платено најмногу до овој момент, а веројатно и ќе
остане рекордно засилување ова лето со оглед на тоа дека преодниот рок ќе заврши
за два дена.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.