1,K
Фудбалерот на Атлетико, Анхел Кореа направи скандал во рамки од 27. коло во Ла Лига во натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Хетафе откако го навредил судијата по добиениот црвен картон.
Кореа како што пренесуваат медиумите не го штедел главниот судија и ја навредил неговата мајка. Поради таквото однесување сега му се заканува суспензија и до 12 натпревари.
Фудбалерот по инцидентот се извини, меѓутоа веројатно тоа нема да биде доволно да избегне суспензија.
„Сакам да се извинам за својата реакција. Покажав непочитување и нависта се срамам поради таквата реакција“, објави Кореа.