Баерн Минхен го постави Нико Вилијамс како главна трансфер цел ова лето. Младиот шпански репрезентативец високо котира и на листата на Арсенал, но „топџиите“ сè уште не влегле во посериозни преговори поради високите финансиски барања на играчот, пренесуваат добро информирани извори блиски до трансфер пазарот.
Според последните информации, Баерн двапати се сретнал со претставниците на Вилијамс во текот на овој месец, а се најавуваат и нови рунди разговори. Германскиот гигант сака да го донесе брзоногиот крилен напаѓач како засилување за новата сезона во која што како и секогаш ќе има највисоки амбиции.
Во договорот на Вилијамс со Атлетик Билбао постои откупна клаузула вредна 58 милиони евра, но проблем се личните услови и високите барања на фудбалерот.
Вилијамс блескаше во дресот на Атлетик, а се етаблираше и во репрезентацијата на Шпанија, па се смета за еден од најперспективните офанзивци во Европа.
Фото: Athletic Club/X