Звезда со девет гола во два натпревари го прегази Ларне (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Црвена звезда без никакви проблеми обезбеди пласман во следното квалификациско коло од Лигата на шампионите, откако и на реваншот убедливо го совлада северноирски Ларне со 5-0.

Белградскиот тим практично сè реши уште на првиот натпревар, кога на гостински терен славеше со сигурни 4-0, па реваншот на „Маракана“ беше само потврда на разликата во квалитет меѓу двата тима.

Избраниците на Дејан Станковиќ одлично го отворија натпреварот, а Александар Катаи го доведе домашниот состав во водство уште во третата минута. По неколкуте пропуштени можности, Марко Арнаутовиќ во самиот финиш на првото полувреме ја удвои предноста.

Во продолжението Арнаутовиќ уште еднаш се запиша меѓу стрелците, додека Лоизу и Букари со своите погодоци го комплетираа убедливиот триумф од 5-0.

Со вкупни 9-0 од двата натпревари, Црвена звезда сигурно се пласираше во следната квалификациска рунда, каде што ќе се соочи со израелскиот Хапоел Бер Шева во битката за продолжување на европскиот пат.

Останати резултати:

*Каират – Омонија 1-0 (пенали 6-5)

*Жалгирис – Клаксвик 1-0

Лех – Архус* 1-4 (пенали 3-4)

*Хапоел Бер Шева – Винкингу Рејкавиќ 2-0

Универзитет Крајова – Левски* 2-2

Горник Забрже – Фенербахче* 1-1

*Слован Братислава – Ибериа 1-1

Можно е и ова да ти се допаѓа

×