Како што објави Билд, капитенот на Германија, Џошуа Кимих два пати го замолил Леон Горецка да го шутира шестиот пенал, но фудбалерот од средниот ред одбил да го стори тоа, ја наведнал главата од страв и несигурност.
Германија вчера беше непријатно изненадена од Парагвај, загуби на пенали и неочекувано го заврши настапот на Светското првенство уште во 1/16 – финалето.
Еден од трагичарите беше дефанзивецот Џонатан Та, кој биеше високо преку голот и ја испрати топката на трибини во шестата серија.
Потоа се појавија информации дека фудбалерот на Баерн никогаш претходно не изведувал пенал, но решил да преземе одговорност откако никој од неговите соиграчи не сакале да го сторат тоа.
Како што пренесува Билд, капитенот Џошуа Кимих дури два пати го замолил Леон Горецка да биде изведувачот број шест, но искусниот играч за врска, кој и сигурно е подобар пеналџија од Та, ја одбил задачата, и ја наведнал главата од страв и несигурност.
Оваа сцена, која била уловена и од камерите на ЗДФ, предизвика остри критики кон Леон Горецка.