Жота ново засилување за Клоп во трансфер вреден 45 милиони фунти, Ливерпул всушност ќе плати нешто над 30 милиони

by
1 минути читање

„Црвените“ за 24
часа комплетираат второ засилување, откако синоќа беше потврден трансферот на
Тијаго Алкантара, денеска пристигна соопштение и за трансферот на Диого Жота.

Португалецот се
сели на Енфилд во трансфер вреден 41 милион фунти, кој со бонуси може да се искачи
до 45 милиони фунти.

Ливерпул всушност
ќе плати нешто над 30 милиони фунти, како дел од зделката, младиот Ки Јана
Хоевер ќе се пресели во Вулверхемптон за 9 милиони фунти, плус додатни 4,5
милиони фунти во бонуси. Шампионот на Англија ќе добие и 15% од следната
продажба на Холанѓанецот.

„Ливерпул е еден
од најголемите клубови во Премиерлигата па невозможно е да кажете НЕ. Морав
да ја прифатам понудата, ќе го дадам најдоброто од себе и се надевам дека ќе
станам квалитетна опција за Ливерпул во иднината“
– вели Диого Жота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани