Жота бил само „план Б“ на Клоп, откриен виновникот за трансферот на Португалецот во Ливерпул

by
1 минути читање

„Црвените“ во септември го потврдија трансферот на Диего Жота вреден околу 45 милиони фунти, а како дел од зделката, младиот Ки Јана Хоевер се пресели во Вулверхемптон за 13,5 милиони фунти.

Португалецот брзо се адаптираше во формацијата на Јирген Клоп, веќе има седум погодока зад своето име, од кои дури шест во последните десетина дена.

Според пишувањата на Дејли Мирор, тој сепак не бил прва желба на Германецот. Ливерпул се обидел да го ангажира Исмаила Сар но проблем била цената и структурата на трансферот. Вотфорд барал 45 милиони фунти и веднаш да добие поголем дел од оваа сума.

Откако „стршлените“ одбиле да ги намалат барањата, шампионот на Англија тропнал на вратата на Вулверхемптон и за брзо време пронашле заеднички јазик. И цената на Диего Жота е 45 милиони фунти, но само 4 милиони фунти се платени веднаш а останатиот дел во иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани