Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо жестоко „распали“ по судиите откако не беше повторен пеналот на Килијан Мбапе против Бетис, стратегот смета дека е направен голем пропуст.
„Кралевите“ во петокот загубија на гостувањето кај Бетис со 1-0, и покрај тоа што креираа доволно шанси, а во последните мигови промашија и пенал, Килијан Мбапе не реализираше од белата точка во 94. минута.
Токму најстрогата казна донесе контроверзија, Бартра влезе во шеснаесетникот пред Французинот да шутира, па Реал Мадрид смета дека пеналот требал да биде повторен.
На денешната средба со новинарите, во пресрет на пресметката против Интер во Лигата на шампиони, Жозе Мурињо реши да „распали“ по судиите и покрај тоа што не доби конкретно прашање на оваа тема.
„Никој не ме праша директно, па сам ќе ја начнам темава. Загубивме од Бетис затоа што не ги искористивме шансите и не постигнавме голови. Точка. Но, што се случи со пеналот? Зошто не беше изведен повторно?“ – праша „специјалниот“.
„Затоа што ВАР не ги знае правилата… или пак, за тоа што не сакаа да биде повторен!“
„Ова е прашање на кое очекувам одговор од надлежните“.
„Ако ВАР Не побарал пеналот да се повтори затоа што не ги знаеле правилата, тогаш подобро е веднаш да си одат дома и да заврши приказната. Но, ако не го направиле тоа затоа што едноставно не сакале, тогаш ситуацијата е уше посериозна“.
„А имам и уште една дилема, ако навистина не ги знаеле правилата, зошто не го повикале судијата да ја погледне снимката на мониторот? Навистина чудно“.
„И верувам дека за неколку недели или месеци, кога ќе се случи иста или слична ситуација, пеналот ќе биде повторен“.
„Да не забуна, не велам дека загубивме поради ова. Можеби ќе го промашевме и повторениот пенал“.
„Но јас како тренер на Реал Мадрид, а и моите играчи, сакаме да знаеме зошто пеналот не беше повторен. Очекувам одговор и објаснување од надлежните луѓе“.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.