Мбапе не е воопшто скромен: Се чувствувам како да сум најдобар на светот!

by Стефан
1 минути читање

Иако зад него е разочарувачка сезона во која Реал Мадрид не освои ниту еден трофеј, еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Килијан Мбапе и понатаму е полн со самодоверба.

Французинот неодамна не се прослави ниту на Светското првенство, каде што неговата репрезентација остана без медал, но тоа не ја разниша неговата верба во сопствените способности пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.

Пред натпреварот од првото коло на Лигата на шампионите против милански Интер, одличниот голгетер одговори на бројните критики од јавноста во врска со неговиот однос со Винисиус Жуниор и неговиот слаб придонес во одбраната.

„Само јас и Винисиус сме проблемот во одбраната? Сите мораме да се подобриме во дефанзивниот аспект и со топката и без неа“, порача Мбапе.

На прашањето за освојувањето на Златната топка и епитетот најдобар фудбалер на планетата, даде многу јасен и нескромен одговор.

„Секогаш се чувствувам како да сум најдобар на светот, но тоа е многу лично“, изјави тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×