Челси не троши време, сака уште сега да го договори наследникот на Енцо Фернандез

by bojan
1 минути читање

Голем број на извори пренесуваат дека Алекс Скот од Борнмут е на врвот на листата со желби на Челси за наследникот на Енцо Фернандез, и „сините“ сакаат уште сега да го договорат трансферот.

Во последниот ден од преодниот рок, Челси го продаде Енцо Фернандез на Манчестер Сити за рекордни 125 милиони фунти, околу 145 милиони евра, но не успеа да донесе замена откако по бизарен расплет на настаните, им пропадна зделката за ангажман на Ламин Камара од Монако.

Против Арсенал, Чаби Алонсо експериментираше и во средниот ред играа двајца десни бека, Рис Џејмс го започна натпреварот, а по еден час игра влезе Мало Густо на местото на Ромеао Лавија.

Па „сините“ сигурно ќе донесат засилување за овој дел од тимот, само прашање е дали корекцијата ќе биде направена во јануари, или по крајот на сезоната.

Голем број на извори од „островото“ деновиве објавија дека Алекс Скот од Борнмут е на врвот на листата со желби, и Челси ќе тргне во нова офанзива, откако изминатово лето им беше одбиена понуда од 60 милиони фунти.

Алекс Скот не сака да стави потпис на нов договор, обврзан е кон Борнмут до јуни 2028, па популарните „цреши“ ќе бидат под притисок да го продадат.

Челси сака да договори трансфер уште сега, за да избегне наддавање со ривалите, дури е подготвен и да го остави Англичанецот да ја заврши сезоната во Борнмут, само за да стигне до неговиот потпис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×