Јувентус и Милан одиграа 1-1 во големото дерби од Серија А, росонерите може да жалат што не дојдоа до трите бода бидејќи имаа водство до 92. минута кога Гати стапи на сцена.
Дербито меѓу Јувентус и Милан не изобилуваше со допадлив и фудбал, немаше многу случувања на теренот, но имаше драматична завршница.
Резултатот беше отворен во 68. минута кога Сисе постигна гол за водство на Милан од 1-0.
Се чинеше дека гостите ќе си заминат со целиот плен од Торино, но не беше така.
Гати во игра влезе во 88. минута, а четири минути подоцна постигна гол по асистенција од Копмајнерс за конечни 1-1.