Зошто ултрас фановите на Аталанта им помагаат на навивачите на Ајнтрахт во Неапол

by
3 минути читање

Во пресрет на мечот од Лигата на шампионите меѓу Наполи и Ајнтрахт Франкфурт се водат улични битки. Околу 200 фанови на домашниот тим се обидоа да влезат во контакт со Германците, но главно битките се водат со полицијата.

Запалени се повеќе автомобили, искршени се повеќе излози, со предмети и бакли се фрлаше по полицијата, но тоа не го правеа само навивачи на Ајнтрахт, туку имаа поддршка и од фанови на Аталанта.

Според „ФАЗ“, фановите на Ајнтрахт стапиле во контакт со навивачите на Аталанта кои место нив купувале билети бидејќи тие беа забранети за германски навивачи. Исто така, фановите од Бергамо престојувале во хотелите заедно со ултрасите од Франкфурт.

Фановите на Аталанта им помагаат на Германците затоа што имаат посебно ривалство со Наполитанците кое датира од 1986/87 кога автобус со навивачи на Аталанта бил уништен од фанови на Наполи. Имало одмазда во Бергамо во 1991-92, тогаш имало апсења и пет повредени.

Пет години подоцна повторно имало дуел меѓу навивачките групи на овие два клуба на железничка станица. А инциденти имало и во 2007. Очигледно и до денеска ривалството меѓу навивачките групи и желбата за одмазди не прекинува.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани