Зошто следниот гол на Марсијал ќе биде многу скап за Манчестер јунајтед?

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед плати 50 милиони евра за да го донесе Марсијал на „Олд Трафорд“, но вкупната сума ќе биде значително поголема кога ќе се исполнат клаузулите од договорот.

Марсијал не ја почна најдобро сезоната, но имаше одличен настап против Ватфорд, па сега повторно е во центарот на вниманието.

Погодокот против Ватфорд беше негов 24. во дресот на Манчестер јунајтед. А во договорот со Монако стои дека кога фудбалерот ќе постигне 25 голови за англискиот клуб, Јунајтед на Французите ќе треба да им плати уште 10 милиони евра. Па следниот погодок на Марсијал ќе биде прилично скап гол.

Втората клаузула во договорот кој беше откриен пред извесно време е дека Манчестер јунајтед на Монако ќе му плати уште 10 милиони евра кога Марсијал ќе дојде до 25. настап за француската репрезентација. 

Следна клаузула во договорот е дека Јунајтед ќе плати уште 10 милиони евра ако Марсијал биде номиниран за Златната топка во потесниот избор. Вкупната сума која Манчестер јунајтед ќе ја плати за Марсијал може да достигне до 80 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани