„Л’Екип“ ја открива причината зошто Дони ван де Бек не се пресели во Лориен ова лето.
Францускиот клуб решил да не го потпише Дони ван де Бек поради неговото лошо однесување кон нив во текот на летото.
Во средината на август, фудбалерот одбил да разговара со францускиот клуб и покрај тоа што Лориен и Манчестер јунајтед се договориле за позајмица.
Но, на последниот ден од преодниот рок, фудбалерот и неговиот агент стапиле во контакт со Лориен, им кажале дека конечно се отворени за дискусија.
Тогаш лидерите на Лориен не сакале да разговараат, причината е однесувањето на Ван де Бек.
Кога тие го барале тој не сакал да разговара, а кога видел дека нема каде им се јавил, но вратата за него веќе била затворена.
Дони ван де Бек важеше за голем талент кога играше во Ајакс, но откако пристигна на Олд Трафорд неговата кариера вртоглаво се движи во надолна линија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.