Зошто Пике наеднаш реши да се пензионира?

by
1 минути читање

Весникот „Марка“ се обиде да ја најде причината за ваквата изненадувачка одлука на Пике, тие сметаат дека тоа е збир од неколку настани кои се случуваа во изминатиот период.

Постојат спортски и неспортски фактори кои влијаеа на одлуката на Пике.

Што се однесува до спортскиот дел, Пике често велеше дека ќе престане да игра за Барселона кога нема да може да го прави тоа на највисоко ниво. Оваа година тој е далеку од својата најдобра форма, а кај Чави е последен избор како централен дефанзивец. 

Надвор од теренот се случи неговиот развод со Шакира, но се верува дека Пике повеќе е погоден од односот на луѓето од Барселона кон него.

Тој чувствува дека против него има оркестрирана кампања. Тој не се чувствува заштитен од постојаните напади на социјалните мрежи, особено по неговиот кикс против Интер.

Клубот не застана зад него ниту по обвинувањата дека тој има висока плата и договор до 2024, а Барселона од тоа има само штета.

Сите овие работи се собраа врз плеќите на Пике кој реши да каже доста. Се откажа од преостанатиот дел од договорот со Барселона и стави крај на кариерата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×