Манчестер јунајтед мака мачи да се ослободи од Хари Мегваер, клубот бара решение како да го продаде.
Мегваер во Манчестер јунајтед пристигна како најскап дефанзивец во светот, тие имаа големи очекувања од него, па му дадоа и огромна плата.
Мегваер заработува околу 200.000 фунти неделно и има уште две години од актуелниот договор со Манчестер јунајтед.
Проблемот е што ниту еден од најголемите клубови не е заинтересиран за Мегваер, па ако го продаваат тоа би било на клуб од втората половина на табелата, а тие не можат да си дозволат да му понудат иста плата како онаа која ја зема на Олд Трафорд.
Еден од клубовите со кои се поврзува е Астон Вила, информациите се дека тие би можеле да му понудат плата од 100.000 фунти, што е двојно помалку од таа што ја заработува во Јунајтед.
Тој има уште две години од договорот со Манчестер јунајтед, па ако замине во Астон Вила за тие две години би имал двојно помалку примања, што не е малку. Мегваер одбира да ги отседи тие две години и да ја заработи сумата која ја има во договорот.
Решение има, а тоа е Манчестер јунајтед да му исплати половина од парите кои би ги добил ако остане да го одработи договорот до крај, што е околу 10 милиони фунти.
Мегваер е во ситуација да каже и веројатно таков е неговиот став: „Во ред ќе заминам, но исплатете ми ги парите кои би ги загубил доколку потпишам за некој клуб каде би добивал помала плата“.
За да се ослободи од Мегваер, Манчестер јунајтед треба да го проголта тоа, да ми ја исплати разликата и на таков начин да го продаде.
И обесштетувањето кое ќе го добие од клубот кој го купува, ќе биде далеку помало од она кое тие го платија. Според „Трансфермаркт“ вредноста на Мегваер сега е 20 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.