Зошто Халанд и Де Брајне беа заменети против Реал Мадрид?

by
2 минути читање

„Граѓаните“ нема
да го бранат трофејот во Лигата на шампиони откако синоќа беа елиминирани од
Реал Мадрид во четвртфиналето.

Родриго ги донесе
гостите во предност, а Де Брајне изедначи и го однесе натпреварот во
продолженија и пенали.

Ерлинг Халанд и Кевин
Де Брајне, кои сигурно се најважните офанзивни фудбалери на Пеп Гвардиола, на
големо изненадувње беа заменети и не можеа да помогнат во пенал серијата, која Манчестер Сити на крајот ја изгуби.

„Халанд и Де
Брајне побараа да бидат повлечени од игра. Не можеа да продолжат. Во текот на
натпреварот беа одлични. Не планирав да правам толку многу замени, но побараа
да бидат заменети бидејќи не можеа да продолжат“
– објасни Пеп Гвардиола.

Запрашан дали
жали за нешто, и дали би направил нешто поинаку, тој рече: „Би преферирал да
победевме. Треба да му честитаме на Реал Мадрид, се бранеа доста длабоко и
прилично солидно. Не жалам за ништо. Секогаш се обидуваме да креираме многу
шанси, и да не му дозволиме на противникот да создаде многу прилики за гол. И успеавме во тоа, освен еден или два пропусти кои беа направени, одигравме исклучително добро во сите сегменти, за жал не успеавме да победиме“.

Запрашан дали
неговиот тим немал среќа, Шпанецот одоговори: „Како што велеше Кројф, не постои
среќа во фудбалот. Едноставно не постигнавме доволно голови. Сторивме се што требаше, освен
да постигнеме голови. Боли пораз на ваков начин. Дадовме се од себе за да
победиме, покажавме карактер против Реал Мадрид, не знам што уште требаше да
направиме“.

„Ова е фудбал, во кој било друг спорт ние ќе победевме“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани