Зошто Флорентино Перез не сака да го купи најдобриот играч на Светското првенство?

by bojan
2 минути читање
Родри ја предводеше Шпанија до трофејот на Светското првенство

Изминатиов период, Родри често се поврзуваше со преселба во Реал Мадрид, но првиов човек на „кралевите“, Флорентино Перез нема намера да го купи Шпанецот, кој вчера беше прогласен за најкорисен играч на Светското првенство.

Мундијалот во САД заврши вчера со триумфот на Шпанија над Аргентина во финалето, па вниманието полека ќе се насочува кон стартот на новата сезона и трансфер пазарот, се очекува во следниот период да бидат реализирани неколку „бомби“.

Во последните неколку дена често се пишуваше за желбата на Родри да го напушти Манчестер Сити и да се пресели во Реал Мадрид, но како што стојат работите во моментов,  Флорентино Перез нема намера да го купи фудбалерот од средниот ред.

Капитенот на Шпанија го одигра на високо ниво Светското првенство, ја контролираше играта на средината од теренот, беше еден од клучните играчи до трофејот, а како круна на неговите извонредни настапи, беше прогласен за најдобар играч на мундијалот.

Се говори дека Родри е подготвен на многу отстапки за да го облече белиот дрес, ја има и поддршката на неколку постари фудбалери на „Бернабеу“, но Флорентино Перез никако посериозно да загриза за еден ваков трансфер.

Тешката повреда на коленото наводно е една од причините, како и тоа што се потребни 70 милиони евра за реализација на трансферот, а Флорентино Перез не гледа економска логика во една ваква зделка, со оглед на тоа дека Родри има 30 години, и само уште 12 месеци од соработката со „граѓаните“.

Но одредени извори велат дека во прашање е и егото на Флорентино Перез, кој не му заборава на фудбалерот што беше дел од противничкиот табор на изборите за нов претседател на Реал Мадрид.

И покрај тоа што Родри во ниту еден момент јавно не го поддршка Енрике Рикелме, тој заедно со Ерлинг Халанд беа најавени како првите засилувања на младиот бизнисмен.  

ФОТО: X/Selección Española Masculina de Fútbol

Можно е и ова да ти се допаѓа

×