Зошто Бренфорд лесно одби 62,5 милиони фунти од Јунајтед за Мбеумо кога играчот има договор до 2026?

by bojan
1 минути читање
Мбеумо е пред трансфер во Манчестер јуанјтед

Брентфорд синоќа го одби и вториот предлог на Манчестер јунајтед за ангажман на Брајан Мбеумо, популарните „пчели“ кажаа НЕ на предлог вреден 62,5 милиони фунти.

Рубен Аморим сака целосна реконструкција на нападот, „ѓаволите“ веќе го договорија Матеуш Куња од Вулверхемптон во зделка вредна околу 62,5 милиони фунти и веднаш тргнаа по потписот на Брајан Мбеумо од Брентфорд.

Првиот предлог вреден 45+10 милиони фунти веднаш беше одбиен, па Манчестер јунајтед се врати со втор, вреден 55 милиони фунти, плус додатни 7,5 милиони фунти во бонуси.

Се веруваше дека ова ќе биде доволно за реализирање на трансфер, но популарните „пчели“ повторно кажаа НЕ.

Брајан Мбеумо има договор до јуни 2026, па многумина се чудат како Брентфорд толку лесно одби ваква сума.

Клубот има опција да го продолжи договорот на Брајан Мбеумо за додатни 12 месеци, активирањето зависи само од нив, па ова е нивниот главен адут, знаат дека нема беспари да го изгубат напаѓачот следното лето.

За очекување е во скоро време да биде пронајден компромис со оглед на тоа дека Брајан Мбеумо сака само трансфер на Олд Трафорд.

Останува да се види дали тоа ќе биде за сума повисока за неколку милиони, или истата сума само со различна структура на фиксниот дел и бонусите.

ФОТО: X/Brentford FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×