Македонија во изминатиот период стана кошмар за Италија. Ние им се испречивме на патот до Светското првенство победувајќи ги во Палермо, а им откинавме два бода и на мечот во Скопје од овие квалификации.
Во петок Италија повторно има важен меч против нашата репрезентација, бодовите им се повеќе од потребни за да се пласираат на Европското првенство.
Жоржињо вели дека мора да бидат фокусирани во текот на целиот меч и да се обидат да не примат гол.
„Очекувам затворена, компактна Македонија, која ќе се обидува од контра напади. Мислам дека важен фактор е да бидеме фокусирани и да не им подариме ништо. Со два шута на два натпревари, ние примивме два гола од нив. Мора овојпат да не примиме гол“, вели Жоржињо.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.