Жоао Феликс ваква плата веројатно немал никогаш, во Барса ќе игра за само 400.000 евра по сезона

by
1 минути читање

Во последните мигови од летниот преоден рок, Барселона го ангажираше Жоао Феликс во пакет со неговиот сонародник Жоао Кансело.

Медиумите од Шпанија сега откриваат детали од зделката и како Жоао Феликс направил големо финансиско жртвување со цел да си го оствари сонот и да го облече дресот на „каталонците“.

Тој прво прифатил намалување на платата од 50% и со Атлетико Мадрид ставил потпис на нов договор со кој платата од 12 милиони евра бруто по сезона, се намалува на 6 милиони евра бруто по сезона.

Португалецот потоа се сложил да игра во Барселона за 400.000 евра по сезона, прашање е кога последен пат заработувал волку малку, веројатно кога бил младинец.

Исто така се шпекулира дека тој ги одбил Ливерпул, Манчестер јунајтед, Астон Вила и клубови од Саудиска Арабија со цел да се пресели на Камп Ноу.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани