Жоао Феликс повеќе нема да игра за „кикирики“, Барса ќе му ја зголеми платата за 10 пати

by
1 минути читање

По преселбата на
Жоао Феликс на Камп Ноу, почнаа да кружат гласини дека офанзивниот фудбалер
направил големо финансискo жртвување за да го облече дресот на Барселона и
прифатил плата од само 400.000 евра.

Ваквите
информации синоќа ги потврди и потпретседателот на „каталонците“, Едуард Ромеу.

Но како што
пренесува Радио Каталуња, Жоао Феликс повеќе нема да игра за „кикирики“ и ќе
биде награден за добрите партии.

Барселона ќе ги
корегира неговите примања и во иднина тој ќе има 10 пати поголема плата, или
околу 4 милиони евра бруто.

Но и со вакви бројки, Португалецот ќе биде еден од најмалку платените во првиот тим на
„каталонците“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×