Жоао Феликс откри дека ја убедил ѕвездата на Манчестер Сити да се пресели во Барселона!

by
1 минути читање

Минатотo лето, Жоао Феликс пристигна во Барселона на позајмица во Атлетико Мадрид и „каталонците“ кројат планови како да го задржат офанзивниот фудбалер и во сезоната 2024/25.

Очигледно Португалецот е среќен на Камп Ноу, и не само што сака да остане, го убедил Бернардо Силва од Манчестер Сити да му се придружи.

„Мислам дека го убедив Бернардо Силва да се пресели во Барселона, тоа е вистина! Но во моментов не зависи само од него“ – вели Жоао Феликс.

„Ме прашуваше за места каде што може да живее, ресторани за јадење, безбедноста во градот, даноци… сѐ!“

„Ако пристигне, сите во Барселона ќе бидат задоволни со него“.

Се верува дека во договорот на Бернардо Силва има откупна клаузула и неговата слобода летоска ќе чини 50-60 милиони фунти.

Парите нема да бидат единствениот проблем, Поругалецот подолго време е на радарот на ПСЖ, а има и клубови од Саудиска Арабија кои се подготвени да му дадат богатство за да се приклучи на фудбалската револуција во оваа земја.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани