Знаете ли колку Бекам го полни џебот од „паузите за реклами“ на Мундијалот?

by 24 фудбал
1 минути читање

Контроверзните паузи за хидратација на Светското првенство 2026 не носат корист само за фудбалерите, туку и милионски приходи од реклами, а еден од најголемите добитници е Дејвид Бекам.

Според „Дејли Мејл“, поранешниот англиски репрезентативец заработува околу 25 милиони евра од рекламите што се емитуваат за време на триминутните паузи, во кои се појавува како заштитно лице на светски брендови како Пепси, Мекдоналдс, Лејс, Адидас и други.

Паузите за хидратација предизвикаа бројни реакции бидејќи овозможуваат телевизиите да емитуваат дополнителни реклами, но претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, тврди дека нивната цел не е финансиска.

Главната причина се високите температури. За ФИФА нема дополнителни приходи бидејќи сите комерцијални договори се потпишани многу порано. Најважно е сите репрезентации да играат под исти услови“, изјави Инфантино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×