Жиру верува дека ќе биде спремен за мечот со Интер

by
1 минути читање

Напаѓачот синоќа во 26. минута го напушти мечот. Го свитка зглобот, се обиде да продолжи да игра, но не можеше. Сепак вели дека не е страшно и верува дека ќе биде подготвен за дербито против Интер.

„Направив чудно движење на истиот зглоб на кој добив удар во Лигата на шампионите против Наполи од Ким. Тогаш почувствував слабост, но можеше да се менаџира, не сум имал болка со недели“, вели Жиру.

„Сега сакав да продолжам да играм откако го свиткав зглобот, но тој рече дека треба да прекинам. Сега веќе сум подобар, не сум загрижен. Утре ќе направам некои тестови. Не е толку лошо. Штета што морав да искочам бидејќи сакав да играм, но подобро беше да запрам“.

„Да да, мислам дека ќе бидам подготвен за дуелот со Интер“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани